Кошарка
28. April 2026 - 8:58

Јокиќ со трипл-дабл спречи елиминација на Денвер во НБА-плејофот

Денвер нагетс ја победи Минесота дома во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот на НБА со 125:113.

Центарот на Нагетсите, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Во победничкиот тим се истакнаа и Мареј со 24 и Џонс со 20 постигнати поени.

Кај Минесота најефикасни беа Рендл (27 поени), Досунму (18), Хајленд (15) и Шенон (15).

Резултат во серијата прв до четири победи е 3:2 за Минесота која на овој натпревар настапи без повредените Ентони Едвардс и Донте ДиВинченцо, го пропуштија натпреварот откако се повредија во претходниот натпревар. Се очекува да ја пропуштат серијата. 

Резултати на другите натпревари од 1. коло во плејофот на НБА-лигата:

Орландо – Детроит 94:88 (3:1)

Феникс – Оклахома 122:131 (0:4). 

Оклахома се пласира во четвртфиналето.

 

МИА