-->
-->
Јончевски: Беше исклучително тешко, навивачите нè вратија и победивме
-->
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски даде свој осврт на синоќешната победа (74:71) против Данска остварена по дополнителни пет минути.
– Исклучително тежок натпревар. Имавме проблем да се кренеме. И на самото загревање мислевме дека работата е завршена бидејќи позначаен беше натпреварот против Норвешка кои имаа 2-0 кога дојдоа тука, додека Данска дојде со три порази. Притисокот беше на наша страна и тоа се виде на натпреварот. Погодуваа тешки шутеви што не беше карактеристично за нив на натпреварите од досегашниот циклус. Имавме проблеми под кошевите, но некако успеавме да се вратиме, иако не одеше ништо во наша полза, а тие имаа контрола на играта. Благодарение на навивачите успеавме да се вратиме. Им се заблагодарувам на сите во публиката, тука, во Гевгелија, бев две ипол години и можам да кажам дека денеска публиката беше најжешка, истакна Јончевски.
Ја истакна играта на Американецот со македонски пасош кој е новиот предводник на националниот тим.
– Ти Џеј Шортс претставува играч кој може да креира ситуација од непостоечки шанси. Шутираше, разигруваше, има пет украдени топки и е еден мотор на екипата како што може и да се забележи од неговиот клупски ангажман. Тој е едно скромно момче кој феноменално се вклопи во нашиот тим, потенцира селекторот.
Македонската репрезентација има максимални четири победи на исто толку средби во претквалификациите за Евробаскет 2025.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
-

Опожарена шума, нерешени имотни односи и обвинувања за привилегии
-

Дефинитивно нема договор за една изборна единица, се кршат копјата за гласење на дијаспората
