Јордан Митев испиша 20 години македонска музичка историја со песна за својот син

Заокружување на успешна година и дваесет години успешна кариера со стил...
Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции... И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на приватен план, публиката ја изненадува со нова песна посветена не неговиот штотуку роден син...

20 години се многу, а сепак малку. Годината сепак има само 365 дена – низ смеа вели Митев. Ми фалат денови за уште некој отпеана песна, за уште бар еден одржан концерт, секој ден ми е музика. Благодарен сум на Бога што овие дваесет години си ја имам својата публика. За таа публика вреди да се создава, компонира, пее, живее... па кога функционирате со публиката како едно, тогаш и дваесет години ви проаѓаат брзо. Публиката и семејството се двигателите и за наредните 20 и тие по нив. Среќен човек сум јас, штом ги имам и едното и другото. Со доаѓањето на свет на мојот син Кристијан го добив највредниот подарок за 20 години од мојата кариера. И токму оваа песна Сине, Сине Мој доаѓа во вистинско време како еден печат на веќе од мене потпишана музичка историја.

Песната веќе има илјадници прегледи на YouTube иако е поставена само неколку денови, што гои потврдува фактот дека публиката на Јордан е жедна за уште една негова музичка мајсторија. Иако е голем и значаен јубилеј за славење – 20 години успешна музичка кариера, Митев нема време за славење. Напротив има ангажмани на кои секогаш максимално им е професионално посветен...
За Новогодишните празници сум во Швајцарија ме очекуваат прекрасни празници со нашите македонци, за Бадник и Божик сакам да бидам дома со семејството, а потоа повторно сум со нови веќе закажани концертни настапи, па одам за Канада.
На јубилеј 20 години кариера работам како да ми е прв ден, ама мора да се испочитува публиката и да се стаса секаде. Тоа ме исполнува и ме прави среќен, ќе има време за славење – вели Митев.
Слушнете ја новата песна Сине, Сине Мој и наздравете за претстојните празници со стил. Јордан ветува уште многу години дружење со убава македонска песна, нови албуми и хитови и се разбира неговата препознатлив весел дух....
Ново на Сител
-

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности
-

Хренин: Западот се подготвува за воена акција, ова не е блеф
-

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер
-

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања
-

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи
-

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
