Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа

Кандидатските двојки за претседател и потпретседател Илијана Јотова и Кирил Валчев и Андреј Ѓуров и Георги Кандев одат во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат резултатите од паралелното пребројување на социолошките агенции регистрирани во ЦИК за спроведување анкети на денот на изборите.
Според 100 процентен примерок од паралелниот попис: социолошката агенција „Тренд“ објави дека Јотова и Валчев освоиле 36,5 отсто од гласовите, а двоецеот Ѓуров-Кандев 31 процент. „Маркет линкс“, пак, објави дека Ѓуров и Кандев освоиле 33,5 проценти, а Илијана Јотова и Кирил Валчев - 32,7 проценти.
На прес-конференцијата доцна вчера по првиот изборен круг, Јотова упати порака до бугарските граѓани дека е илузија да се мисли дека ако не гласаат, може да се промени нешто во земјата.
Најави дека ќе продолжат да водат позитивна кампања и дека сака да биде „претседател на мирот“. Таа се заблагодари на сите граѓани кои вчера го оствариле своето право на глас и кои, како што рече, „не се плашат и не реагираат на некои притисоци да останат дома“.
-Ние држиме златна карта и тука, во Југоисточна Европа, ќе се погрижиме Бугарија да биде гарант за безбедноста на целиот континент. Во Европа беснее војна. Цело време зборувам за фактот дека сум бугарски претседател кој ќе биде претседател на мирот, бидејќи без мир нема безбедност и просперитет. Нашата порака за мир мора да се слушне и тоа ќе го направиме следната недела - ќе разговараме уште покатегорично со нашите гласачи и со сите бугарски граѓани - рече Јотова.
Бугарија, додаде таа, има своја силна позиција, своја суверена политика, секако, со нашите партнери, и како претседател на сите Бугари, вели, не сакам странски знамиња да се веат на плоштадите.
-Сакам бугарски знамиња и безбедни луѓе кои размислуваат за својата иднина, за тоа како да ги развијат своите семејства, како да работат за децата, за младите - додаде Јотова.
Според неа, неучеството на изборите на втората политичка сила - ГЕРБ - исто така влијаело на излезноста на гласачите.
На прашањето дали ќе побара помош од ГЕРБ, Јотова одговори дека нејзините пораки ќе бидат до сите бугарски граѓани.
Претседателскиот кандидат Андреј Ѓуров, на вечерашната прес-конференција во неговиот штаб ја повика Јотова на отворена и, како што рече, искрена дебата.
-Би сакал да ја повикам г-ѓа Јотова - двајцата да застанеме пред бугарските граѓани во една отворена, искрена и цивилизирана дебата - изјави претседателскиот кандидат Ѓуров по завршувањето на изборниот ден.
Според него, во дебатата двајцата претседателски кандидати ќе ги искажат своите ставови и гледишта за тоа како ќе ги користат своите овластувања и „како ќе дејствуваат кога Бугарија ќе се соочи со тежок избор“.
Тој се заблагодари на сите за поддршката, но и на оние што направиле поинаков избор.
-На крајот на краиштата, Бугарија е една и не треба да се дели на наша и ваша. Ова е огромна доверба, која нè обврзува да ја продолжиме битката за нов правец на Бугарија - рече Ѓуров на прес-конференцијата.
Изборниот ден измина со слаба излезност од околу 20 проценти.
Избирачките места се отворија во 7 часот по локално време, а гласањето заврши во 20 часот по бугарско време.
Право на глас имаа 6,59 милиони граѓани, кои можеа да се изјаснат за рекордни 27 кандидатски двојки за претседател и потпретседател на државата.
Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 1 ноември.
МИА
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
