ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани 620 кубни метри отпад од диви депонии во сите скопски општини

Во текот на минатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 620 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје.
Како што информираат од јавното претпријатие, реализирани се две поголеми интервенции во чиишто рамки се отстранети обемни диви депонии во скопските општини Чаир и Гази Баба.
Во општината Чаир е интервенирано на улицата Славеј планина, во непосредна близина на скопското Теќе, каде што е расчистена дива депонија од приближно 150 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад.
Во општината Гази Баба се подигнати 130 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Перо Наков.
Претпријатието продолжува и со секојдневните активности за одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење и миење на скопските булевари и поголемите улици.
МИА
Ново на Сител
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
-

Три германски партии го напуштија Икс, тврдејќи дека шири пропаганда и дезинформации
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
