ЈП „Лајка“ по повод Меѓународниот ден на кучињата: Односот кон животните е одраз на општеството што го градиме

По повод 26 Август - Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ потсетува дека овој ден не е само можност да ја славиме поврзаноста меѓу луѓето и кучињата, туку и повод сериозно да размислиме за нашата одговорност кон нив.
Кучињата се дел од нашето секојдневие и од заедницата во која живееме. Сепак, голем број од нив и понатаму завршуваат на улица како последица на неодговорно сопствеништво, неконтролирано размножување, напуштање и непочитување на законските обврски. Бездомните кучиња не се појавуваат сами - тие се последица на човечки постапки и на долгогодишно отсуство на доследна, заедничка одговорност.
Создавањето похумано и побезбедно општество не зависи само од работата на едно јавно претпријатие или прифатилиште. Тоа бара вклученост од институциите, локалните самоуправи, сопствениците на домашни миленици и од секој граѓанин поединечно.
Одговорното сопствеништво подразбира кучето да биде микрочипирано, вакцинирано, соодветно чувано и под постојан надзор. Тоа значи и навремена стерилизација или кастрација, спречување несакани легла и преземање целосна грижа за животното во текот на целиот негов живот. Напуштањето куче никогаш не смее да биде прифатено како решение.
ЈП „Лајка“ секојдневно работи на хуман третман и контрола на популацијата на бездомни кучиња преку програмата „залови - стерилизирај - вакцинирај - врати“. Кучињата што доаѓаат во прифатилиштето добиваат ветеринарен третман, се вакцинираат против беснило, се микрочипираат и се стерилизираат или кастрираат. Истовремено, тимот работи на нивна социјализација и на пронаоѓање соодветни домови.
Но прифатилиштата не можат да го решат проблемот доколку секојдневно нови кучиња се напуштаат на улица. Трајното решение е во превенцијата: одговорно сопствеништво, санкционирање на напуштањето, масовна идентификација и стерилизација на сопственичките кучиња, едукација и активна соработка меѓу граѓаните и институциите.
Секој од нас може да придонесе. Со вдомување наместо купување, со привремено згрижување, волонтирање, донирање, споделување објави за вдомување и одговорно пријавување случаи на повредени или загрозени животни. Понекогаш едно споделување е доволно вистинскиот човек да го забележи кучето што долго време чека дом.
По повод Меѓународниот ден на кучињата, издвојуваме и неколку од нашите станари:
Тие не бараат сожалување. Бараат можност да бидат забележани, прифатени и сакани. Секое од нив има различна приказна, но и иста желба - прифатилиштето да не биде неговиот последен дом.
На овој Меѓународен ден на кучињата ги повикуваме граѓаните да ја претворат љубовта кон животните во конкретна и одговорна постапка. Да не ги напуштаат своите миленици, да ги стерилизираат и микрочипираат и да вдомуваат.
Општеството во кое кучињата се безбедни е побезбедно и за луѓето. Хуманоста, одговорноста и почитувањето на животот не се гест што треба да го покажеме само денес - тие се обврска што треба да ја исполнуваме секој ден.
МИА
Ново на Сител
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
-

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании
