ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
На територија на Скопје, по предходна пријава на граѓани беше пронајдено младо женско куче, на возраст од приближно една година, затворено во напуштен автомобил – без вода, храна или провев, изложено на екстремни температури и во загрижувачки услови.
Благодарение на навремена реакција, животното е извадено и моментално е во процес на опоравување. Се работи на стабилизирање на нејзината психофизичка состојба, а случајот е пријавен до надлежните институции.
Според сведоштва од жители на местото, ова не е прв пат истото лице да држи животни во вакви услови. Претходно, биле забележани уште две кучиња од расата кане корсо кои исто така биле чувани во запуштени, нехумани услови.
Станува збор за континуирано и сериозно кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните, кое бара итна реакција од институциите.
Апелираме до надлежните органи да постапат со целосна сериозност и да преземат мерки за да се спречи понатамошно загрозување на животните од страна на ова лице.
Потсетуваме дека затворање на кучиња во автомобили, особено во лето, може да доведе до фатални последици за само неколку минути.
Граѓаните кои имаат информации за случајот или други слични примери ги охрабруваме да се јават и да помогнат во борбата против насилството врз животни.
Ново на Сител
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта