Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
Менди Ќура, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија најверојатно ќе биде независен кандидат за градоначланик во Струга, но поддржан од владејачкиот албански партнер Вреди. Официјално во Вреди името не го споменуваат, но потврдуваат дека за оваа општина ќе поддржат независен кандидат.
Ќура е второ сигурно име во оваа коалиција за локалните избори, по она на Касами кој ќе трча за нов мандат во Тетово. Во игра се уште e и министерот за социјална политика Лимани како кандидат на Вреди за Кичево. Сите други имиња со кои Вреди ќе влезе во локалната трка се незивесни, вклучително и името на Висар Ганиу за Чаир, кој досега се сметаше за прилично сигурен кандидат за оваа скопска општина
Анкети, анализи и соработка се уште се прават и во опозицискиот фронт на ДУИ. Иако Ахмети и Таравари најавуваа можна сорабoтка уште пред неколку месеци, договор се уште не е постигнат. Но, тоа не ги обесхрабрува интегративците. Напротив, велат Фронтот ќе се проширува бидејќи Владата водела антиалбанска политика. Толку се сигурно во победа, па бараат и предвремени избори.
Од Вреди ги отфрлаат обвинувањата за антиалбанство, а барањето за предвремемни избори го сметаат како безидејност на ДУИ.
Ќоку најави дека и Законот за правична застапеност, кој треба всушност да го замени укинатиот Бланасер при вработувањата во јавна администрација, утре е на владина седница, а наскоро треба да ги почне и собраниските процедури.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар