ЈП Лајка: Вдомени 10 кучиња за една недела, апел до сопствениците да не ги оставаат милениците без надзор

Во изминатата недела (16 – 22 ноември 2026) граѓаните вдомија 10 кучиња од ЈП Лајка, што нѐ прави исклучително задоволни бидејќи на овој начин се остваруваме две цели за кои се залагаме – намалување на бездомната популација кучиња на територијата на Град Скопје и развивање на свесноста за придобивките од вдомувањето бездомно куче, велат од организацијата.
Во истиот овој период, тимовите на ЈП Лајка во Скопје заловија 40 улични кучиња, од кои најголем број на територијата на општина Гази Баба – 18.
„Во последниот период нашите тимови забележуваат зголемен број сопственички кучиња на јавни површини, без присуство на сопственикот. Предупредуваме дека секое куче што ќе биде лоцирано на јавна површина, без разлика дали е микрочипирано или не, согласно нашите надлежности, се заловува од страна на ЈП Лајка. Од тие причини, апелираме до сите сопственици да ги почитуваат законските прописи и да не ги оставаат своите миленици да се движат слободно на јавни површини без надзор. Со одговорна грижа, сопствениците го намалуваат ризикот нивните кучиња да се изгубат, а со спречување на неконтролираното размножување придонесуваат и за намалување на бројот на бездомни кучиња во Скопје“, велат од ЈП Лајка.
MИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Најмалку 10% од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20% пониска цена за млади брачни парови
-

Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
-

Јаневска најави средби со студентите за новиот модел на студентски оброк
-

ЈП Лајка: Вдомени 10 кучиња за една недела, апел до сопствениците да не ги оставаат милениците без надзор
-

Тошковски: Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза
-

Тошковски: Максимален фокус треба да ни биде заштитата на жените и децата, системските промени ќе дадат резултати
-

Мицкоски: Правиме се за да нема зголемување на цената на струјата и на парното
-

Од полноќ нови цени на горивата
