Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
Повеќе од еден милион луѓе се собраа денеска во Рим на миса на отворено што ја служи папата Лав Четиринаесетти, со која завршува Јубилејот на младите, објави Ватикан.
Мисата се одржува на огромен отворен простор на периферијата на градот, по големото бдение одржано синоќа, каде што, според организаторите, имало 800.000 луѓе.
Ватикан објави дека бројот на собрани луѓе денеска надмина еден милион.
Денешната миса, што ја прославува папата, е кулминација на прославата на Јубилејот на младите во Светата година што Римокатоличката црква ја слави на секои 25 години, а која поранешниот папа Франциск ја започна во јануари со порака дека „има надеж“.
Собирите се одржуваат речиси три месеци по почетокот на понтификатот на Лав Четиринаесетти и 25 години по Јубилејот 2000, кога повеќе од два милиони млади луѓе учествуваа на Светскиот ден на младите на покана на тогашниот папа Јован Павле Втори.
Ново на Сител
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Возач од Швајцарија приведен во Тетово, возел скоро двојно побрзо од дозволеното
-
Иран погуби човек осуден за шпионажа во корист на Израел
-
Двајца убиени, 10 повредени во руски напади во Запорожје
-
Илиевски: Функционираме како тим, очекувам да бидеме подобри во нападот
-
Кокаин запленет од дом на 20-годишен скопјанец | ФОТО
-
Зголемен број пациенти со убоди од инсекти во Куманово
-
Путин го прими специјалниот прaтеник на САД, Виткоф, јавија руските медиуми