Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО

Американската сојузна држава Јута прогласи вонредна состојба и воведе ограничувања за употребата на огномети во пресрет на прославата на 4 Јули, додека најголемиот шумски пожар во САД продолжува да се шири.
Националната метеоролошка служба издаде ретко предупредување за „особено опасна ситуација“, поради сувото време и силниот ветер што придонесуваат за појава на нови пожари на западот на земјата.
Пожарот „Котонвуд“, кој избувна во понеделникот во ретко населен дел од јужна Јута, до петокот зафати површина од околу 290 квадратни километри и сè уште не е ставен под контрола.
Поради силните ветрови е оневозможена воздушната поддршка при гаснењето, соопштија шумските служби.
Пожарот, еден од шесте големи активни пожари во Јута, предизвика сериозни оштетувања во ски-центарот „Игл Поинт“ во округот Бивер, поради што беа наредени задолжителни евакуации.
– Имаме постојан ветер од околу 56 километри на час, а налетите достигнуваат и до 72 километри на час. Тоа значително ја засилува активноста на пожарот. Забележуваме екстремно ширење преку крошните на дрвјата – изјави портпаролката Алиса Мејсон.
Чадот се движи кон исток и североисток, но засега не влијае значително врз квалитетот на воздухот во популарните туристички дестинации, како националните паркови „Зајон“ и „Брајс Кањон“, освен појава на слаба магла во подрачјето на Брајс.
Сепак, пламените јазици се видливи од голема оддалеченост, покажуваат снимки објавени на социјалните мрежи.
Чадот е забележан и на стотици километри оддалеченост, сè до државата Колорадо.
Властите ги предупредија околу 1.300 жители на населените места Мерисвејл, Џанкшн и Серклвил да бидат подготвени за евакуација доколку пожарот продолжи да се шири.
МИА
Ново на Сител
-

За еден месец издадени одобренија за изградба на нови 754 станови, најмногу во Скопје
-

Сиљановска го образложи помилувањето на Јакупи
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
