Каде ќе бидат закопани 9000 свињи?
Девет дена по појавата на болеста африканска свинска чума во фарма во село Таринци,се уште не може да се одлучи каде ќе бидат закопани 9000 свињи кои ќе треба да бидат еутнизирани. Во соопштението кое денес Агенцијата за храна и ветеринарство го лиферуваше до медиумите пишува деказаедно со локалната самоуправа и Инспектортот за животна средина ќе се разгледаат двете предложени локации од Советот на Општина Карбинци. Советот на вонредна седница одржана во петокот не донесе одлука за две, туку само за една локација и тоа во близина на село Горно Трогерци, каде што во радиус од еден километар нема објекти. Каде ќе се закопат свињите е сериозен проблем за општината.
- Пропустот е направен во минатото. Од институциите издадена е А интегрирана дозвола, без да се предвиди локација за ваквов случај е пропуст за кој некој треба да сноси одговорност во следниот период. Меѓутоа сакам да го споменам и фактот, што е најголем проблем во целиот сличај, како се дозволи инстутуциите да направт ваков пропуст, да влезе оваа болест во една огромна компанија, фарма како што е оваа, една од најголемите во држата каде 20 до 30 % од месната индустрија за свинско месо е токму од оваа фарма, се дозвиоли да влезе оваа болест и да имеме една хаварија, изјави Виктор Паунов, градоначалник на О. Карбинци.
Пред 3 дена во вечерните часови во близина на индустриската зона мештаните успеаја да ги сопрат багерите кои копаа јама. Жителите на двете села Таринци и Нов Караорман, но и локалната самоуправа остро остануваат на ставот дека доколку надлежните ја изберат локацијата во близина на индустриската зона, ќе се предизвика еколошка катастрофа со сериозни последици.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар