Македонија
23. April 2021 - 21:21

Како ќе се одрази врз големите судски случаи промената во обвинителствата?

Унапредувањето на обвинителите нема да влијае на динамиката на судските предмети кои што тие досега ги воделе.  Ова е ставот и на обвинителите и на адвокатите откако вчера Советот на јавни обвинители изврши избор на виши јавни обвинители меѓу кои и актуелни предмети поврзани со корупција или тешки кривични дела, како „Поштенска банка“ или „Титаник 2“, но и „Монструм“ за кој се уште пресудата не е правосилна.

Сепак, проблем може да се јави кај обвинителите кои не станаа дел од Обвинителството за организиран криминал, а водат предмети од поранешното СЈО со полномошно на државниот обвинител.

И адвокатот Миланов вели дека нема законски пречки постапката да продолжи по предметите и покрај промената на обвинителите. Мало одложување може да се очекува додека новиот обвинител не го проучи предметот.

Обвинителскиот совет во виши обивнители ги унапреди поранешниот шеф на скопското Обвинителство Рајчев, обвинителката од ОЈО Скопје: Снежана Бундалевска, Паноски од обвинителството на Рускоска, поранешните обвинители на СЈО Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми. Обвинителството за организиран криминал пак, доби 5 нови обивнители меѓу кои и обвинителите Лиле Стефанова, Љубомир Лапе и Трајче Пеливанов. Унапредување не доби Ленче Ристоска која со полономошно на државниот обвинител Јовески го води случајот „Талир“.