Решение за превозниците е склучување билатерални договори
Транспортените да не очекуваат олеснување на правилата за престој во Шенген земјите. Европската Унија нема да отстапи. Се бараат долгорочни решенија, а до тогаш секоја држава сама да преговара и да склучува билатерални договори.
- Не е во наша надлежност да се занимаваме со правилата на Шенен зоната, но сепак може да има билатерални договори меѓу заинтересираните, со цел да се обезбеди трговијата преку границите да се одвива непречено и ефикасно, а возачите на камиони да не се третираат како криминалци, туку како столб на транспортниот систем. Го препознаваме проблемот и работиме заедно со нашите партнери од Западен Балкан за да го најдеме вистинското решение, но тоа нема да се случи преку ноќ, изјави Талис Линкитс, директор на Пернамент секратаријат, Транспортна заедница
И од бизнис коморите се согласни дека Брисел нема да попушти. Единственото решение го гледаат во билатералните договори, но и зголемување на бројот на превозници, Блокадите на границите нема да донесат ништо, туку сметаа дека ќе го зголемат проблемот.
Олеснување за транспортнерите ќе донесе најавената дигитализација од следната година, каде товарните листови наместо во хартија, ќе се добиваат електронски. Во моментов, за секој транспорт превозниците чекаат над 5 минути да се отпечатат 7 копии од товарните листови, трошат по илјада евра годишно за печатење и уште толку за курирски служби од странство, а поради доцнење на хартиената потврда дуру 80% чекаат над 15 дена за наплата, што им влијае врз ликвидноста.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
