Македонија
2. November 2026 - 16:39

Законот за координација на безбедносните служби пред матичната комисија

Законското решение со кое е предвидено укинување на законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница го помина првиот собраниски филтер.

Мнозинството со 8 гласа за и 2 против, го проследи кон понатамошно дебатирање.

Законот е усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО но, според оценката на МВР, во пракса не ги дало очекуваните резултати.

Опозицијата жестоко се спротивстави и со обвинувања дека во законот не е јасно што сака да направи владата.

Проблематично, според нив, е што иако законот за кого се бара укинување е целосно усогласен со стандардите на НАТО и ЕУ, сега се бара да запре со имплементација.

Бараат одговори дали ваквото укинување на законот за координација на службите водат кон спојување на АНБ и АР.

Со законското решение се предлага целосно укинување на законот од 2019 година, кој ја регулира координацијата меѓу АНБ, Агенцијата за разузнавање и Военото разузнавање.

Беше донесен како дел од безбедносната реформа пред членството во НАТО.