Како компании и јавни претпријатија се снаоѓаат за поевтина струја?
Јавни претпријатија, општини, приватни компании преку ќерки фирми се префрлаат од слободен на регулиран пазар за струја.
На овој начин, се обидуваат да заштедат половина од превисоките сметки за струја. Испраќаат барање до ЕВН за префрлање на броилата и на тој начин струјата ја плаќаат по цена како и домаќинствата, велат извори за Сител.
Општините ова го прават со одлука на совет, за претпријатијата одлука носи управниот одбор, а компаниите преку други помали фирми успеваат да се снадбат со поефтина струја. Ако претходно плаќале во просек 400 евра мегават, со префрлањето ќе плаќаат 200 евра мегават. Нашите извори велат ниту ова не е спас од кризата но е големо олеснување за да можат да функционираат бидејќи нивната дејност е од јавен интерес.
Ова законот не го дозволува и од Регулаторна навремено регирале до надлежните.
„Овој тренд го забележавме од март месец и до сега околу 11000, 12000 илјади броила од повеќе субјекти се префрлени од слободен на регулиран пазар. За ова несоодветно преминување РКЕ ги информираше сите институции и веќе се спроведува инспекциски надзор. Очекуваме да се реши оваа ситуација во најскоро време.
Од РКЕ тврдат дека нема опасност ваквото префрлање да влијае на цената која ја плаќаат домаќинстата. Велат секако постои можност да предизвика системски проблем, како првата половина од годината кога државата ја чинело непланиран увоз на струја од 30 милиони евра, но сега е зголемено домашното производство.
Претседателот на РКЕ во изминатите денови истакна доколку ЕСМ го одржи планираното производство, нема да се зголеми цената на електричната енергија по Нова Година. Инаку првиот човек на регулаторна беше и против предлогот на Владата училиштата,компаниите за храна да бидат префрлени на регулиран пазар и предложи наместо тоа, училишта, јавни комунални претпријатија и околу 150 компании од прехрамбениот пазар да им се помогне преку ЕСМ која ќе им понуди пониска цена или иста како на регулираниот но да останат на слободен пазар.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
