Како младите доктори ја напуштаат државата?
Нема платена пракса, нема вработување, ама има билет за напуштање на државата. Вака група на млади доктори со положен државен испит го објаснуваат парадоксот во кој се наоѓаат. Никако да добијат шест месеци платена работа што е задолжителна за да одат на специјализација и во моментот зависат од финасии кои треба да одобрат средства.
Доколку во најкраток можен рок нема решение, нема да можат да го фатат првиот циклус за доусовршување на знаењето и единствениот излез ќе биде одење во странство.
-Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен е недостигот на млади лекари, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите, чекајќи вработување или платена пракса која ни следува со закон.
иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме принудени да ја напуштиме и да отидеме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење, вели Ивана Баловска.
Само мал број нивни колеги почнале со платена пракса, а велат дека има каде да ја реализираат законската обврска.
Секојдневно сме ја вратите на институциите и бараме одговори за тоа кога ние ќе почнеме со платената пракса. Одговор се уште немаме и чекаме, вели Симона Ѓеорѓиевска
Групата млади доктори бараат поддршка од сите за да можат да се изборат за своите права.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар