Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
Земјите ширум светот почнаа подготовки за одбележување на наследството на папата Франциск, кој почина денеска, јави Би-Би-Си.
Ватикан ќе одржи јавна молитвена служба во 19:30 часот по локално време.
Во Аргентина, родната земја на Папата, се прогласени седум дена национална жалост.
Бразил исто така прогласи еднонеделна национална жалост, за која претседателот Лула вели дека е во чест на неговото дело.
Во Австрија, црковните ѕвона ќе ѕвонат низ целата земја во 17:00 часот по локално време. Црни знамиња се исто така истакнати на црквите и црковните згради. Реквиемска миса ќе се одржи за Папата во катедралата Свети Стефан во Виена во 18:00 часот.
Во Велика Британија, кралските резиденции ќе го веат британското знаме на половина копје, исто како британската амбасада во Ватикан.
Во Шпанија се прогласени три дена жалост.
Во Франција, ѕвоната на катедралата Нотр Дам во Париз денеска претходно заѕвонија 88 пати. Вечерва ќе бидат исклучени светлата на Ајфеловата кула.
Ново на Сител
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред