Каков модел е најсоодветен за превенција од насилство во училиштата?
Превенција и сериозен пристап кон враќање на моралните вредности. Само на ваков начин може да се спречи врсничкото насилство во училиштата.
Репресијата нема да го даде посакуваниот ефект - напротив - може да биде контрапродуктивна. Ова е ставот на експертите за криминалистика и безбедност од регионот. Велат дека живееме во суров свет, каде преку социјалните мрежи и реални шоуа се промовираат извртени вредности, а се деградира образовниот систем.
-Она што посебно загрижува е што ученикот кој изврши убиства во Србија за кратко време доби многу поддржувачи на социјалните мрежи. Тоа е она што треба да не загрижува, смета Желимир Кешетовиќ, професор на Факултет за безбедност во Србија.
Сепак, експертите сметаат дека репресивните мерки нема да го решат проблемот.
За да се вратат изгубените вредности прво мора да се почне од домот - семејството. Потоа - образованието. Но потребни се квалитетни кадри, а не партиски послушници.
Последниот случај во Србија кога ученик уби 8 ученици и обезбедувањето во школото го крена алармот кај надлежните. Се бара начин како да се зголеми безбедноста и како да се спречи булингот меѓу врсниците, кои изминативе години е се позачестен.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
