Македонија
1. јуни 2025 - 16:44
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
Со измените на Закон за царини 50% од давачките ќе бидат хармонизирани со Европската царинска тарифа почнувајќи од 1 јули оваа година, а останатите педесет отсто од почетокот на следната година. Премиерот Мицкоски вели дека овие измени ќе овозможат поголемо производство, следствено на тоа поголем извоз на производи и поголем приход за компаниите.
Дополнително, со овие измени ќе се олесни и процесот на инсталирање на резервоари за складирање на електрична енергија.
За потсетување на предлог на Министерството за финансии, на крајот на мај на владина седница беа усвоени измените за дополнувања на Законот за царинска тарифа со кои во пракса ќе се намалат царините за 70 стоки.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->