Калас: Европа не смее да влезе во замка со прашањето кој ќе преговара со Русија, важна е суштината на разговорите

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави денеска дека Унијата не смее да „падне во руска замка“ со прашањето кој ќе ја претставува Европа на евентуални идни преговори.
Таа изјавата ја даде при пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во кипарскиот град Лимасол.
Калас нагласи дека Русија се обидува да го насочи фокусот кон прашањето „кој зборува во име на Европа“, наместо кон суштината на можните преговори. Според неа, тоа е замка која Европската Унија не треба да ја прифати.
„Да не влегуваме во таа замка. Преговорите секогаш се тимска работа“, изјави таа, додавајќи дека содржината на разговорите е поважна од тоа кој точно ќе преговара.
Во Лимасол вчера и денеска се одржува неформален состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во формат „Гимних“, под домаќинство на кипарското ротирачко претседателство на Советот на ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Штип ги награди своите најуспешни сограѓани
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
