Македонија
23. May 2025 - 19:52

Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми

ЕУ се уште се надева дека Македонија ќе ги исполни превземените обврски за уставните измени. Сепак шефицата на европската дипломатија не ја исклучи можноста да се превземат и други меганизми за одблокирање на европската интеграција на земјава доколку планот А не успее.

Калас ги пофали напорите на Македонија за спроведување на реформаската агенда и порача дека земјата приордно припаѓа на ЕУ.

Македонија не се откажува од европскиот пат и покрај тоа што е уморна од децениските блокади порача и премиерот Мицкоски. Можност за придвижување на дијалогот со Бугарија најави на можна средба помеѓу претседателите на двете држави Сиљановска и Радев на маргините на НАТО самитот кон крајот на јуни во Хаг, со присуство на високи меѓународни претставници

Во рамки на посетата на Скопје Калас со министерот Муцунски го отвори првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија.

Со министерот Мисајловски го посети седиштето на Балканските медицински наменски сили во касарната Илинден, а се сретна и со младински и студентски организации.