Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека е незамисливо рускиот имот замрзнат во рамките на Европската Унија поради војната во Украина да биде вратен без Русија да плати воени репарации.
– Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации, изјави Калас за новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.
Според податоците на ЕУ, во Унијата се замрзнати околу 210 милијарди евра руски имот како дел од санкциите воведени кон Москва поради инвазијата на Украина.
Украина и дел од земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Полска и балтичките земји, повикуваат тој имот да се конфискува и да се искористи за поддршка на Киев.
Но, најголемите членки на ЕУ, како Франција и Германија, но и Белгија, каде што се наоѓа најголемиот дел од имотот, ги отфрлија таквите предлози. Тие истакнуваат дека Унијата веќе ја наменила идната добивка од тој имот за отплата на помошта за Украина и го доведуваат во прашање постоењето на правна основа за конфискација.
Според тврдењата на дипломатите, дискусијата сега сè повеќе се насочува кон тоа како средствата би можеле да се искористат откако ќе заврши војната во Украина.
Ново на Сител
-
Јаневска: Учебници ќе има по сите предмети и во основното и во средното образование
-
Изгаснат е пожарот во прилепската населба Варош
-
Невреме со силен ветер во Скопје, повеќе пожари и материјална штета
-
Ненадејно почина психијатарот и ексдиректор на „Здравствен дом Скопје“ Виктор Исјановски
-
Пет активни пожари претпладнево во земјава
-
Евробаскет: Втори победи за Србија и Финска
-
26-годишен скопјанец приведен во станица, се заканувал на лекар
-
Скопјанец лишен од слобода, поранешната сопруга го пријавила за закани и физички напад