Камбовски: Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски денеска во изјава за медиумите истакна дека Советот веќе извршил контрола на дел од предметите во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов против кого е покрената кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.
-Судскиот совет во рамки на планот на неговата работа ќе има проверки во Апелацискиот суд, не само за конкретниот судија кој го споменавте, туку за работата на сите судии. Беше извршена контрола на дел од предметите во кои постапувал судијата кој го споменавте, но во моментов немам податоци да ви изнесам во смисла дали е детектирано некој пропуст или не, бидејќи комисијата се уште ги разгледува предметите. Да, да. Конкретни предмети беа посочени во таа претставка, рече Камбовски по конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија“.
Тој информира дека Судскиот совет разгледува шест или седум предмети во кои постапувал судијата Ристов. Очекува неделава да е готов извештајот од комисијата која ја врши проверката на тие предмети.
-Па не беа многу, шест или седум предмети беа. Претставката ја водевме како анонимна. Беше потпишана од група на вработени, стручни соработници и советници на Апелацискиот суд Скопје, без потпис, без имиња, тоа според законот се води како анонимна. Меѓутоа решивме да формираме група за да ги провериме тие предмети, а во меѓувреме ни стигна демант исто од група на вработени, стручни соработници дека не ја поднеле тие таа претставка. Исто таа е без имиња и презимиња, но на оваа втората имаат ставено потпис. И двете ги цениме како анонимни. Неделава треба да се готови, бидејќи станува збор, како што ви кажав, за пет или шест предмети. Не се голем број предмети, рече тој.
Камбовски најави дека во најскоро време ќе се проверува целокупната работа на Апелацискиот суд Скопје.
Во однос на случајот со новинарката од Тетово Љиридона Вејсели која беше казнета со 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ од Основниот суд во Тетово, Камбовски нагласи дека станува збор за постапка која е се уште во тек и во моментот кога Судски совет ќе процени дека треба да интервенира, ќе го направи тоа.
-Судскиот совет ја следи работата на сите судови во државата, ја следи вклучително и работата на конкретниот суд и на конкретниот судија. Таму станува збор за постапка која е се уште во тек. Значи, не е завршена постапка. Ние следиме и во оној момент кога Судскиот совет ќе процени дека треба да интервенира, ќе го направи тоа, рече Камбовски.
МИА
Ново на Сител
-

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители
-

ССМ од 10 февруари почнува со блокади
-

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури, одбраната бара укинување на притворот за Васев и Нухи
-

Усвоен извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување од 1 јули до 31 декември 2025 година
-

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани
-

Автобус во движење изгоре на автопат кај Солун
-

Николоски: Потребно е ЕК да имплементира мерки кои ќе обезбедат непречена работа на транспортните компании
-

Млин приклучен на трафостаница копал биткоини во Бутел, сметката 260.000 евра
