Македонија
3. February 2026 - 21:05

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија

Судскиот совет ќе ја истражува работата на сите судии во Апелациониот суд.

Одлуката доаѓа откако беше уапсен апелациониот судија Ѓоко Ристов кај кој полицијата најде 350.000 евра заѕидани во ѕид. Во моментов Судски, формираше и работна група која ја истажува работата на судијата Ристов во неколку предмети за кои добиле анонимна претставка. Дали работел незаконски, би требало да утврдат до крајов на неделава. 

Но Судски нема да застане само на проверување на Апелација. Ќе се проверуваат сите судови низ земјава и како постапувале судиите. Со оглед на обемната работа, најпрво ќе почнат со поголемите судови, кривичниот и граѓанскиот суд. Но претседателот на судски вели, не можат да ги гонат судиите, туку само да проверат дали има нерегуларности во нивната работа.

Стратегијата на Судскиот совет е и да организира обуки на секои две до три години, да ги потсетува судиите што е корупција, како и морал и етика, за да не се повторуваат ваквите случаи и да успеат да се справат со слабостите во судскиот систем. Камбовски вели 99% од судиите се чесни професионалци, кои се жал се жртви на тој еден процент судии вмешани во корупциски скандали.