Заедничко одбележување на Германија и Франција во Прилеп: Темел на денешна Европа е токму ова заедничко чествување
По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народната жалост амбасадите на Франција и Германија одржаа комеморација со полагање на цвеќиња на германските гробишта во Прилеп. Беше потенцирано дека темел на денешна Европа е токму ова заедничко чествување на двете моќни држави и дека доколку се сака мир и просперитет во Европа овој пример треба да следат сите држави и членките и аспирантите.
„Помирувањето помеѓу Германија и Франција е ветување за сите кои се стремат кон траен мир, дека од хаосот на спротивностите може да произлезат стабилност, взаемна почит и пријателство. Денес не им оддаваме почит само на оние кои ги изгубиле своите живот далеку од својот дом. Овие гробишта не потсетуваат дека војната не се состои само од битки, туку пред се од страдањето на оние кои починале од последиците од борбите. И на оние кои живееле овде и морале да ја понесат тежината на војната“, истакна Петра Дрекслер, амбасадор на Германија во Македонија.
На германските гробишта во Прилеп почиваат посмртните останки на над 1.800 војници од различни нации. Како што беше потенцирано тоа е место кое ја отсликува скршена Европа и е тивок сведок на разорната моќ на војната.
„Тагуваме за жртвите на војните и на граѓанските војни од денешницата, за жртвите на тероризмот и политичкиот прогон, за нашите војници и на другите оперативни сили кои го загубија својот живот во странска воена акција. Се сеќаваме денес и на оние кои беа жртви на омразата и насилството“, додаде Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија.
Годинава во одбележувањето на овој ден за прв пат се вклучија и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп кои испратија пораки за мир, благостотојба и поодбра иднина за сите деца во светот.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
