Македонија
12. November 2026 - 16:33

Нов сомнителен случај на морбили, се чекаат резултатите од лабораториските анализи во ИЈЗ

14 месечно дете од Скопје сомнително на морбили. Детето било хоспитализирано во Клиниката “Козле”. Дали е заразено со вирусот треба да покажат лабораториските анализи во ИЈЗ. 

Министерот тврди дека од страна на здравствените власти не биле дадени никакви насоки на образование и социјала да бараат потврди во училиштата и градинките дали децата се вакцинирани со МРП.

Утре или најдоцна во понедленик треба да стигне и останатата пратка со 26.000 дози француски вакцини против сезонски грип. Во меѓувреме вакцинирани се околу 20.000 граѓани од ризичните групи со корејските вакцини. Според последниот извештај од ИЈЗ минатата недела пријавени се 112 случаи со грип или слични заболувања, но се уште не сме влезени во сезоната на вирусот.