Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате

Македонската каратистка Камелија Недев освои сребрен медал на Светскиот шампионат во традиционално карате, кој се одржува во Копер, Словенија, со што се закити со титулата светски вицешампион во дисциплината кати поединечно во кадетска конкуренција.
Недев имаше одличен настап во силна меѓународна конкуренција, обезбедувајќи пласман во финалето, каде што се натпреваруваше против каратистка од Романија.
Двете финалистки освоија ист број поени, но поради повисоката поединечна оценка на романската натпреварувачка, македонската каратистка го освои второто место.
Иако ѝ недостигаше малку до светската титула, Недев покажа квалитет, техничка подготвеност и борбеност, достојно претставувајќи ја Македонија на светската карате сцена.
Од Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) го оценија нејзиниот резултат како значаен успех за македонското традиционално карате и потврда за потенцијалот на младите домашни спортисти.
На Светскиот шампионат во Копер учествуваат околу 1.200 натпреварувачи од 58 држави, што ја прави конкуренцијата исклучително силна.
Ново на Сител
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
