Каменоломите во близина на Лабуништа повторно активни
Каменоломите во близина на Лабуништа повторно активни . И во време на пандемија и полициски час мештаните од струшкото село секое утро ги будат детонациите од минирањето и густиот чад и прашини.Месноста со најголем број на заразени и починати лица се соочува и со дополнителни здравствени проблеми .Од еколошкото здружение Натура Лаб велат дека со оглед на зголемениот број на болни од канцерогени и белодробни заболувања изминативе години се отвара прашањето дали каменоломите се едни од причинителите за зголемената смртност од Ковид-19.
Салоски од Натура лаб вели дека и покрај ветувањата од страна на наделжните дека со некои измени во законот за минерални суровини ќе се реши овој проблем од сето тоа сеуште ништо.
Од министерство за економија пак на став дека откако ќе се создадат услови со измените во законот ќе се пристапи кон раскинување на договорите за концесија.
Мештаните обвинуваат дека каменоломите работат со засилено темпо користејќи ја вонредната состојба и забраната народот да не смее да се собира на протести и бараат нивно затворање. Тие уште пред изборите кои требаше да се одржат во април донесоа одлука за нивен бојкот .Инаку во Лабуништа живеат 9000 илјади жители.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
