Македонија
10. May 2021 - 16:44

Кампања на АППТ - ,,Безбедно како дома‘‘ за привлекување на туристи

Македонија се промовира како безбедна дестинација за патување

 “Безбедно како дома” е новата медиумска кампања на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во регионот. Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Полска и Турција се пазарите каде што оваа година се пласира првиот дел од промотивните виеда со цел подигнување на свесноста за безбедно патување и туристичките потенцијали коишто земјава ги поседува.

Станува  збор за протоколи кои се воведени во нашата земја но и протоколи кои ќе докажуваат дека Македонија е сигурна дестинација за домашните и странските туристи.

Од агенцијата за поддршка и промоција на туризмот најавија дека оваа година очекуваат да има зголемување на странските туристи со доминација на регионалните и поминување од бројката од 2 милиони ноќевања.