Кампања за заштита на шумите од пожар
Младите денеска на Градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје ги едуцираа повозрасните за заштита од пожари на шумите и другите отворени површини во нашата земја. Децата од општините од скопскиот регион делеа флаери и им објаснуваа на граѓаните за начинот и за важноста за заштитата од пожар на шумите.
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека традиционално во пресрет на летниот период ја поддржува кампањата на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, која има за цел заштита од пожар на шумите во Скопје и во околните туристичко-излетничките локации во општините во Скопско.
Кампањата, како што истакна претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје Петар Плотников, е со едукативно-превентивна вредност и има за цел придонес за развој на општата и противпожарна култура меѓу младата и секако на воэрасната популација.
Притоа беше истакнато дека соработката и координацијата со ДЗС преставува значаен придонес во заштитата од пожари на граѓаните, шумите и други материјални добра во скопскиот регион, а секако и пошироко во нашата држава.
Од „Национални шуми“ најавуваат нова опрема за гаснење на шумски пожари и трансформација на системот за гасење.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд