И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
Филипче бара гаранции од Бугарија дека повеќе нема да има нови барања кои се однесуваат на јазикот и идентитетот на патот на македонските евроитеграции. Лидерот на СДСМ од средба со граѓани во Прилеп го доближи ставот до валдејачката ВМРО-ДПМНЕ за однесувањето на источниот сосед и побара Софија да направи чекор на вистинско добрососедство.
„Бугарите треба да направат навистина еден чекор, еден нивни сосед којшто имаа аспирации да стане земја членка во Европска Унија да се однесуваат по европски. Ако ние стравуваме дека утре може да има некаква блокада на непринципиелна основа, на основа на јазикот, идентитетот итн нека покажат европско однесување и нека кажат дека нема да го има. Толку. Нека кажат не, ние сакаме нашите соседи да се во Европа, еве ќе ви дадеме поддршка, не се грижете нема да има такви барања. Е тоа е вистинска добрососедска политика не само да притискаш некого што е помал и послаб од тебе“
Тој коментирал и дека СДСМ работи и лобира кај сестринските партии од ПЕС за поддршка на извештајот во Европскиот парламент за Македонија, но и дека благодарение на храбрите и државнички политики на владите на СДСМ, денес македонскиот јазик е признат во ЕУ.
Од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека Филипче најпосле сфатил дека на Бугарија не и се проблем уставните измени, туку македонскиот идентитет. Иако опозцискиот лидер се доближува до нивните ставови, велат дека во СДСМ и во ставовите на Венко Филипче не може да се препознае стабилност.
Европскиот парламент во средата го одложи гласањето за Извештајот за Македонија поради коментарите и амнадманите на бугарските европратеници за вековноста на македонскиот идентитет и јазик.
Македонските власти го оценија ваквиот чекор како успех, а барањата на бугарските европратеници ги оценија како навредливи и доказ дека на Софија вистинскотот барања не е внесувањето ан Бугарите во Уставот туку бришење на македонскиот идентитет.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар