Македонија
20. March 2026 - 8:48

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска ќе ја посети општина Росоман.

Посетата, како што информира Министерството за земјодлство, шумарство и водостопанство е во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

Трипуновски, како што се наведува во соопштението, во 18:00 часот ќе го посети населено место Трстеник, а во 19:00 часот Росоман.

Пред одржување на средбата во Росоман предвидена е изјава за медиуми.

МИА