Loading Video...
Фудбал
31. January 2022 - 10:28

Канада го доби дербито против САД во квалификациите за СП

Репрезентацијата на Канада го доби дербито против САД во квалификациите за СП во Катар. 
 
Во натпреварот одигран во Хамилтон, а во рамките од 10.коло на Конкакав, Канаѓаните ги победија Американците со 2-0 со головите на Кајл Ларин во 7-та и Сем Адекугбе во петата минута од судиското дополнение. 
 
Со оваа победа Канаѓаните се зацврстија на врвот на табелата со 22 бодови и имаат 4 побеќе од Американците. 
 
Во трката за третата позиција која носи директен пласман на Мундијалот, селекциите на Мексико и Костарика одиграа без голови 0-0, додека Панама ја победи јамајка со 3-2. 
 
Така сега Мексико е трет со 18 бодови колку што имаат и Американците, додека Панама на четвртото место заостанува еден бод, а Костарика го губи чекорот со овие селекции и е на петото место со 13 бодови. 
 
Веќе во четврток ќе се играат дуелите од 11-тата од вкупно 13-те квалификациски рунди.