Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
Герасимовски најавува дом за стари лица и зголемување на еднократната помош од 2500 на 5000 денари за пензионерите. Во програмата за втор градоначалнички мандат на о. Центар најави и дом за стари лица за највозрасната група граѓани.
Ново смарт осветлување со кое ќе се постигне поголема заштеда на финансиски средства за општина Аеродром најави кандидатот за градоначалник од СДСМ.
Плоштад Феникс како симбол на нова надеж и иднина во О. Центар најави кандидатот од ЗНАМ. Лабудовиќ планира паркот да биде во рамки на новата општинска зграда каде предвидува и 300 подземни паркинг места.
Програма за активно и здраво стареење најави кандидатот за градоначалник на о. Карпош од ВМРО-ДПМНЕ. Лукровски во својата програма предвидува парична надомест од 20 000 денари иницијатива преку која ќе можат да се вклучат активно во општествениот живот.
Кандидатите кои влегоа во вториот круг за ибор на градоначаланик имаат уште еден за кампањските активности и промоција на проектите со кои ја бараат довербата. Во недела граѓаните ќе избираат градоначалник во 32 општини и град Скопје.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
