Караница пред Универзална за нејзината реконструкција - Дали е безбедна?
Политички театар пред Универзална сала во режија на министерката за култура, градоначалничката на Скопје, архитектите и проектантското биро. На покана на министерката за јавно да се презентираат фактите зошто е стопиран проектот, дојдоа сите но наместо факти си упатија обвинувања.
Арсовска останува на тврдењето дека проектот е небезбеден и затоа е времено стопиран, додека пак архитектите велат во процес на реконструкција секогаш доаѓа до измени и истите веќе биле направени и доставени во град Скопје.
Арсовска го обвини претседателот на асоцијацијата за политичка фигура која брани ставови на СДСМ.
На шега реагираше проектантот Бујар Муча за безбедноста на кровната конструкција, а потоа кажа дека нема потреба дополнително да гарантира со потпис бидејќи измените веќе биле доставени во градската администрација.
Министерката се иззема од надлежност и вели целта на поканата и била да се надминат проблемите.
Универзална останува опколена со шут и отпад и со половична реконструкција. За внатрешноста на салата воопшто не стана збор на средбата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
