Македонија
18. October 2024 - 12:33

Кардиолошки има недостиг од ангиограф

Пропаѓа актуелната идеја за преселување на Заводот за кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан” во новиот оддел на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија,”Свети Еразмо”.Директорот Шокароски вели дека не гледа можност за спојување на хируршката област која се работи во костозглобна со интернистичката дејност додавајќи дека новите простории им се повеќе од неопходни бидејќи расте бројот на пациенти кои на третман и рехабилитација доаѓаат и од другите градови.

Во кардиолошкиот центар пак има недостиг од нов апарат за ангиографија со што би се скратило времето на чекање на пациентите. Години наназад се случувало во неколку наврати поради дефект на апаратот, пациентите да ги препраќаат во Скопје.

Целта на идејата која што е актуелна од 2014-та беше со спојување на овие две врвни установи, во Охрид да се направи еден регионален центар на Балканот.