Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект
Кавадарчанец бил приведен но полиција откако бил фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера попладне во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода кавадарчанецот Ј.Ф.(22) , кој во продажен објект во градот бил фатен од вработен, во обид да одземе пари од касата во објектот. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Пет минути подоцна, во полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ресавска“ и „Народен Фронт“ во градот , се случила сообраќајна несреќа.
- Притоа, мопед марка „хамачи“ со кавадаречки регистарски таблички управуван од кавадарчанецот Д.Ѓ. (22) се излизгал на патот во моментот кога крстосницата ја минувало патничко возило „ланд ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од сограѓанинот Ѓ.С.(74). Во несреќата од падот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци, споделија од СВР Велес.
Оттаму информираа дека вчера претпладне во 09.05 часот, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода неготинецот С.Д.(28), затоа што одземал патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на П.Ј.(49) од овој град, кое било паркирано во дворот од неговата семејна куќа. Возилото било вратено на сопственикот, а С.Д. бил приведен во полициска станица. По документирање на настанот против него ќе била поднесена соодветна пријава.
- Рано утрово, А.Т.(27) од Демир Капија, пријавил дека околу 01.30 часот, пред сендвичара во Неготино, бил физички нападнат од И.Н. од овој град. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово за брзо возење, едниот возел 180 на место каде дозволено е 80