Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО

Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен откако бил затекнат при преземање 2.000 евра од 50-годишна кумановка, која го пријавила дека со лажно ветување за посредување за добивање странски пасош ја измамил за вкупно 9.000 евра. Парите што ги зел при последната средба биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата, а осомничениот пред јавен обвинител го признал делото.
Според пријавата, осомничениот ѝ ветил на жената дека ќе посредува за добивање странски пасош за сума од 400 евра, по што во повеќе наврати побарувал дополнителни парични средства. За краток временски период, оштетената му предала вкупно 9.000 евра, а тој продолжил да бара пари.

- На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 евра и се уште продолжил со побарувањата - стои во соопштението од МВР.
По преземените мерки кај него биле пронајдени 2.000 евра што непосредно претходно ги зел од пријавителката. Парите биле криминалистичко-технички обработени од страна на ОВР Кавадарци.
Од МВР информираат дека лицето било задржано во полициска станица, а потоа изведено пред јавен обвинител, каде го признало делото.
- По целосно документирање на случајот, против М.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик - дополнуваат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непозната материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
