Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија

Педесет и шестгодишен жител на Кавадарци го загуби животот во тешка несреќа што вчера околу 13 часот се случила во близина на селото Мрежичко. Според информациите од полицијата, несреќата се случила при истовар на земја од товарно возило „Ман“ со кавадаречки регистарски таблички, кое го управувал загинатиот.
Од засега неутврдени причини, камионот се превртел и паднал во провалија. Возачот се здобил со тешки повреди и починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.
Во извлекувањето на телото и возилото учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Територијалната противпожарна единица Кавадарци и полициски службеници од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а причините за трагедијата се предмет на истрага.
Ново на Сител
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
