Македонија
29. March 2022 - 8:47

Казнети 153 возачи на територијата на градот Скопје, 32 од нив за брзо возење

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.  

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возач почетник, три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за прекршоци што ги чинат мотоциклистите, 48 за непрописно паркирање…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.