Казни за картелско здружување

Комисијата за заштита на конкуренцијата изрече казни од по 50.000 евра за четири маркети поради картелско здружување. Казна од над 18.500 евра доби и Сојузот на стопански комори, кој според КЗК, ги координирал активностите.
„Учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите, со што ја замениле состојбата на независно пазарно однесување со состојба на практична координација. Овој вид на однесување по својата природа претставува ограничување на конкуренцијата, кое е забрането без потреба од дополнително докажување на пазарни ефекти“, соопштија од Комисијата.
Оттаму велат дека казните имаат за цел да спречат идни нарушувања на пазарот и да обезбедат поголема заштита на потрошувачите и конкурентноста.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
