Фудбал
16. October 2026 - 14:27

Кејн останува во Баерн до 2029

Англискиот 33-годишен напаѓач на Баерн Минхен и еден од најдобрите голгетери во светот Хари Кејн постигна начелен договор со баварскиот клуб за продолжување на соработката.

Кејн и актуелниот германски шампион треба да потпишат нов договор со важност до јуни 2029 година.

Пред три години, Кејн го напушти лондонски Тотенхем и пристигна во Баерн, во чиј дрес досега постигна 154 голови на 156 натпревари. Со Баерн двапати ја прослави титулата во Бундеслигата, како и два трофеи германскиот Суперкуп и еден во Купот на Германија.

Кејн изминатите сезони беше најдобар стрелец во Бундеслигата, а во моментов е на осмото место со три голови оваа сезона.

 

МИА