Kејот на Охридското Езеро ќе добие целосно нов лик
Езерскиот кеј во Охрид ќе добие нов лик. Еднo од најпрепознатливите обележја градското шеталиште по долг период ќе биде целосно реконструирано. Градежните активности како што најави градоначалникот Георгиески ќе започнат на пролет а се очекува да биде завршен за една година.
За овој проект дел од средствата во висина од 38 милиони денари веќе се обезбедени со одлука на Влада.
Со реконструкцијата е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона, да има заштитна потпорна конструкција за да не се нарушува природниот еко систем на Охридското езеро.
Кејот до сега во неколку наврати е саниран на места каде што се појавиле оштетувања а со реконструкцијата како што најавија од локалната градот ќе добие нов урбан изглед достоен за еден културен и туристички центар.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
