Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа

Кениецот Себастијан Саве стана првиот човек кој истрча маратон за помалку од два часа, триумфирајќи денеска на Лондонскиот маратон со време од еден час, 59 минути и 30 секунди, додека Етиопјанката Тигст Асефа, исто така, постави светски рекорд во женската маратонска трка.
Триесетиедногодишниот Саве, кој нема пораз во маратонските трки, го собори светскиот рекорд што претходно го држеше покојниот Келвин Киптум со време од 2:00:35 на маратонот во Чикаго во октомври 2023 година. Киптум загина во сообраќајна несреќа во Кенија во 2024 година на 24-годишна возраст.
На женската маратонска трка, Асефа ја одбрани титулата, подобрувајќи го светскиот рекорд поставен минатата година.
Асефа (29) во спринт ги истрача оследните метри за да се одвои од Кенијките Џојсилин Џепкосгеи и Хелен Обири, со кои ја истрча целата трка, минувајќи низ целта за 2 часа, 15 минути и 41 секунда, девет секунди побрзо од претходниот рекорд.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
-

За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
-

Лицата со ретки болести бараат континуитет во терапијата
-

Радев апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Муцунски: Честитки за Радев - очекуваме соработка
-

СДСМ: Се потешко се живее, а владата не презема ништо
-

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ работи за партии во други држави
