Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа

Кениецот Себастијан Саве стана првиот човек кој истрча маратон за помалку од два часа, триумфирајќи денеска на Лондонскиот маратон со време од еден час, 59 минути и 30 секунди, додека Етиопјанката Тигст Асефа, исто така, постави светски рекорд во женската маратонска трка.
Триесетиедногодишниот Саве, кој нема пораз во маратонските трки, го собори светскиот рекорд што претходно го држеше покојниот Келвин Киптум со време од 2:00:35 на маратонот во Чикаго во октомври 2023 година. Киптум загина во сообраќајна несреќа во Кенија во 2024 година на 24-годишна возраст.
На женската маратонска трка, Асефа ја одбрани титулата, подобрувајќи го светскиот рекорд поставен минатата година.
Асефа (29) во спринт ги истрача оследните метри за да се одвои од Кенијките Џојсилин Џепкосгеи и Хелен Обири, со кои ја истрча целата трка, минувајќи низ целта за 2 часа, 15 минути и 41 секунда, девет секунди побрзо од претходниот рекорд.
МИА
Ново на Сител
-

Скок од 16 места на ранг листата за дигитализација на ООН
-

Сиљановска-Давкова: Секој што тврди дека се работи за уставни измени не е искрен
-

Парното поскапува за 7,5%
-

Младите брачни двојки ќе можат полесно да дојдат до сопствен дом
-

20% поевтини производи за студентите корисници на субвенциониран студентски оброк
-

Доделени првите признанија „Монтеко вински витез“
-

Приведен еден од осомничените за нападот врз лекар и сестра од Брза помош Скопје
-

Сопствениците на кравите во Крива Паланка имаат над 100 пријави
