Приведен еден од осомничените за нападот врз лекар и сестра од Брза помош Скопје
Со повреди по главата и телото завршија лекар и медицинска сестра од скопската брза помош откако во саботата беа нападнати од две лица пред пунктот во поликлиниката Јане Сандански. До инцидентот дошло кога 41 годишен маж барал помош за неговиот татко кој испил некое хемиско средство. Докторот кога видел дека е на нога и не е во животозагрозувачка сдостојба ги упатил да продолжат на Токсикологија. Но наместо на клиника и синот и таткото пациент ја нападнале екипата удирајќи го лекарот со тупаници а настрадала и сестрата која се обидела да ги раздвои.
- Многу непријатно, многу неубаво за екипи кои секојдневно буквално се на терен, ги извршуваат своите задачи како стручни тимови кои спасуваат животи и навистина е апсурдно да се доведуваме во ситуација и оние екипи кои ги имаме и така малку да ги онеспособуваме за понатамошна работа, изјави д-р Анита Димовска, раководител на Брза помош-Скопје.
По нападот со две возила на брза помош на скопските клиники биле транспортирани и повредениот лекар и медицинска сестра, но и пациентот кој физики ги нападна.
Од службата каде што работат повредените се револтирани и згрозени не само поради физичкиот напад туку и секојдневниот стрес што го доживуваат екипите при слични вакви ситуации. Слујаот вендаш бил пријавен во МВР а истиот ден полицијата го приведе синот, осомничен за нападот врз медицинските лица.
Настанот го осудија и еснавските здруженија. Од Здружението на лекари специјализанти бараат безбедноста на здравствените работници да се третира како приоритет.
јавно го повикуваме Министерството за здравство да иницира законско решение со кое физичкото обезбедување ќе стане задолжително во сите здравствени установи во државата, велат од ЗЛС.
Со осуда и лекарската комора од каде потсетуваат дека напад врз здравствен работник при вршење на професионална дејност е кривично дело.
- Недозволиво е докторите и медицинскиот персонал да бидат изложени на физичко и вербално насилство и да работат во услови на загрозена безбедност и нарушено достоинство, велат од ЛКМ.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
