Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
Украинскиот правобранител Дмитро Лубинец денеска изјави дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници по наредба на највисокото воено раководство на Москва.
– Според нашите податоци, во тек се истраги за егзекуциите на 268 украински војници од страна на руските војници … Знаеме дека овој начин на постапување со украинските воени заробеници е контролиран од највисоките нивоа. За жал, ова е реалноста што ја набљудуваме, наведе Лубинец
Русија сè уште не ги коментирала тврдењата на украинските власти, а информациите не можат да бидат независно потврдени.
Лубинец претходно испрати писма до ОН и до Меѓународниот комитет на Црвениот крст поради брутално убиство на невооружен украински воен заробеник од страна на руски војници. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа маж врзан за мотоцикл и влечен по патот. Се претпоставува дека е погубувањето на украински затвореник.
Ново на Сител
-
Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август
-
ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови