Loading Video...
Свет
10. July 2025 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Големиот шумски пожар на грчкиот остров Тасос  од утрово е под контрола. Пожарот избувна околу полноќ во шумска област во областа Гликада а поради силниот ветер брзо се проширил, кон областа Пахија и селото Рахони. Се интервенирало и од копно и од воздух. Еден хотел во Пахија бил преветивно евакуиран. Огнената стихија предизвика паника кај туристите од кои многумина во текот на ноќта со тракети замнале од островот.

Други пак утрово го напуштија Тасос и покрај изјавите на властите дека ситуаицјата е под контрола и дека нема опасност за станбените делови. Бар на плажа во Гликада е уништен, а многумина се сомневаат дека од таму почнал пожарот. Истовремено со пожарот на Тасос, беше пријавен и пожар во близина на Атина. И тој е ставен под контрола по шестчасовна интервенција  на пожарникарите.

Урсула фон дер Лајен останува на чело на Европската комисија. Предлогот на конзерватниот европатеник од Романија Георге Пипереа да и се изгласа недоверба на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен не помина во Европскиот Парламент. Предлогот на Пипереа го поддржаа 175 членови  на парламентот што е значително помалку од потребното двотретинско мнозинство. 360 европратеници гласаа против предлогот а 18 беа воздржани.

Пипереа ја обвинува Лајен за недостаток на транспарентност и лошо управување за време на Ковид пандемијста, особено поради нејзинито одбивање да ги објави смс пораките разменети со извршниот директор на Фајзер за време на преговорите во 2021 година за договород повеќе милијади евра за вакцини против ковид 19.

Лајен не присутуваше на гласањето во ЕП во Стразбур. Таа е во Рим, каде што се оддржува Меѓународна конференција за обнова на Украина.

Главниот град на Украина, Киев  втора ноќ по ред беше под масовен руски воздушен напад соопштија градските власти, при што најмалку две лица се убиени а 16 се повредени. Околу 1 часот по полноќ почнал нападот со дронови и ракети кои предизвикаа пожари и сериозно оштетија куќи, стнабени згради, здравствен центар, магацини, деловни простории изјави градонлчаникот на Киев. Нападот траел околу три часа.

Стотици грагани се засолнија во подзмените метро станица и засолништа додека сирените за тревога одекнуваа низ градот. Русија ги интензивираше нападите врз Киев по изјавата на американскиот претседател Трамп дека ќе ја зголеми испораката на оружје во Украина и по критиките за Путин дека не сака да ја запре војната.