Кик боксот национален спорт број еден, македонските кик боксери освоија 117 медали на Балкан бест фајтер

Нашите Кикбоксери освоија 117 медали – 32 златни, 34 сребрени и 51 бронзен на Меѓународниот турнир Балкан бест фајтерс во Јагодина, Србија.


Македонија ги зема двата пехари за најуспешна на ринг и на татами борбите и е прогласена за најдобра екипа во двете дисциплини.

Претседателот Дејан Митровски-Урко доби плакета за помош и организација на 8.Балкан бест фајтерс.

Митровски е задоволен од целокупниот резултат на сите натпреварувачи и цени дека оваквите меѓународни куп првенства се добри репери за да видиме со нашиот тим како и колку ни расте подготвеноста, како напредуваме и што треба да подобриме кај нашите борци како би го подигнале квалитетот кај нив.
Посебно сум горд што мојот син Максим Митровски оди по мојте стапки, целосно е посветен на кик боксот и забележа убедлива победа 3-0 во лоу кик и противникот кој беше од Србија два пати го праќаше во нокдаун. Ние Кик Бокс Маи Таи федерацијата сме сериозна федерација која постојано во континуитет во голем број носиме медсли и признанија за нашата земја. И можам да кажам дека Кик Боксот е најтрофеен спорт во Македонија и е национален спорт број еден, изјави Дејан Митровски-Урко.
Ново на Сител
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
